АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

“Стопанската комора на Република Македонија им додели сертификат за извонредност во бизнис на градежната фирма ЕУРОВИА”

Онлајн сертификатот за “Excellence SME” е признание и доказ за одлични деловни активности, кои Македонската стопанска комора во соработка со светски признаената кредитна куќа Coface, ги издава на, мали и средни претпријатија.
Носителите на овој сертификат покажуваат зголемена сигурност во работењето, позитивен кредитен рејтинг и зголемена доверба и подобри и побрзи деловни одлуки со помал ризик за клиентите и деловните партнери.

Главната цел на издавањето на сертификатот е да се зголеми транспарентноста на пазарот, да се промовираат добри компании, безбедно деловно работење и добри деловни практики. Носителот на сертификатот на овој начинстекнува кредибилитет во бизнисот.

“Ние како ЕУРОВИА сме многу горди на овој сертификат и се надеваме дека со ова ќе направиме уште еден чекор за зајакнување на вашата доверба за нашите клиенти и нашите партнери да продолжат со соработка со нас “.