КОМЕРЦИЈАЛИСТ

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Енеа ДОО

ЕНЕА Д.О.О – една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Поради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на искусен, амбициозен и посветен на работата кандидат/ка за следнава позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Обврски и одговорности:

  • Посета на купувачи во определен реон, следење на продажбата по количини и брендови,
  • Се грижи за продажбата и наплатата, прави порачки со коминтентите и се грижи за нивното реализирање од страна на возачите.
  • Доставување на порачки до коминтент.
  • Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар и го следи пазарот и дава предлози за проширувања, се грижи за реализација на планот за продажба
  • Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
  • Во соработка со кординаторот и претпоставените се планира развојот на определена територија,отстранување на проблеми ,одредување на приоритети итн.
  • Прибира и доставува информаци за работата на конкуренцијата, потрошувачите, движењата на пазарот
  • Се грижи за спроведување на маркетиншките активности превземени со определени кампањи,
  • Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите.

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование, високо образование ќе се смета за предност
  • Задолжително претходно работно искуство во иста или слична позиција (ХоРеКа дистрибуција)
  • Вештини во продажба
  • Возачка дозвола Б- категорија

Личен профил

  • Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
  • Способност за преговарање
  • Лојалност, иницијативност
  • Способност за тимска работа
  • Претставителнос и позитивен став
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Флексибилност за работа на терен

ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на месечни бонуси и награди во зависност од постигнување на таргетите.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: info@enea.mk, со назнака Комерцијалист”.

Краен пок за пријавување: 05.09.2019

Контакт инфо:
ул.101 бр. 15, Желино – Тетово

Тел: +389 44 350 991