КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ – ИНТЕРЕН АУДИТ

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Adelholding

АДЕЛ ХОЛДИНГ е една од водечките приватни инвестициски групи во Македонијa. Инвестициското портфолио на Групацијата опфаќа компании со активности  во полето на градежништво, недвижности, трговија, маркетинг и надворешно рекламирање,  производсвто на струја, итн.

За наши/свои потреби го распишува/ме следниот оглас:

Контрола на квалитет (Интерен аудит) го извршува и го контролира целосниот работен и процес на ревизија преку проценка на процесите за управување со ризик, контролата на ефективноста на работењето, финансиската сигурност и усогласеноста со сите применливи директиви и правила, во интерес на исполнување на деловните цели на компанијата

КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ – ИНТЕРЕН АУДИТ

Квалификации на кандидатот:

  • ВСС – Економски факултет, Правен или  Бизнис администрација
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областa на аудити на корпорациски системи за квалитет
  • Знаење на стандардите, процедурите за ревизија, законите, правилата и регулативата
  • Одлично познавање на апликациите од MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик

Главни одговорности:

  • Одржување и унапредување на постоечкиот систем за квалитет и имплементирање на нов систем за квалитет.
  • Активно учествува во изработка на Документи, процедури, политики и правила на корпорацијата
  • Спроведување на План за ревизија на Стандардни Оперативни Процедури
  • Имплементација и следење на имплементација на новитет во корпорацијата
  • Обезбедува внатрешни прописи и воспоставува контролен протокол.
  • Изготвува План за ревизија за сите оддели на корпорацијата
  • Испитува документација, вклучувајќи извештаи, изјави, записи и белешки.
  • Подготвува извештаи и ги анализира резултатите од ревизијата за да се утврдат методите за зголемување на профитот и намалување на непотребните трошоци, зголемување на продуктивноста.
  • Идентификација на неправилности во работењето и препорака за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците.
  • Ги проценува најдобрите финансиски практики за една организација и дава релевантни, информирани предлози
  • Работи со тим за постигнување на целите на компанијата
  • Обезбедување на објективни совети и насоки за менаџерите и вработените на сите нивоа

Личен профил:

  • Способност за тимска работа
  • Организациски и аналитички способности
  • Доверлива личност
  • Силни етички стандарди и високо ниво на интегритет

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратата својата  професионална биографија (CV) на: hr@adelholding.com , со назнака Контрола на квалитет – Интерен Аудит“.

 

Краен рок за пријавување е 31/05/2019.

Вашето CV испратете го на ceo@adelholding.com , info@adelholding.com