МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТИ ОД ГРАДЕЖНИШТВО

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Еуровиа

ЕУРОВИА со седиште на Автопат Е65 Мајка Терезa, Бензинска Пумпа ЛУКОИЛ 2 Спрат, Тетово, една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, објавува конкурс за позиција

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТИ ОД ГРАДЕЖНИШТВО

Квалификации на кандидатот:

 

  • ВСС – Градежен факултет или Архитектонски факултет – Градежен инженер или архитект
  • Искуство со најмалку 7 (седум) релевантни проекти од споредлива природа и степен на сложеност во својство на Проект Менаџер (следниве проекти се сметаат за релевантни: изградба / реконструкција на комерцијални, станбени и / или јавни згради)
  • Одлично познавање на AutoCad, ArchiCad и апликациите од MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен
  • Комуникативност, организираност и одговорност

Главни одговорности:

  • Управување, обезбедување, контрола и синхронизација на сите фази на реализација
  • Во текот на извршувањето на договорените работи контактира со инвеститорот,надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби;
  • Навремено обезбедување на потребните ресурси (работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.
  • Надгледување на развојот на проектот и да им даде насоки кога е потребно
  • Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот и Инвеститорот.
  • Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.
  • Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени
  • Оперативни и административни обврски во врска со тековното работење
  • Други задачи поврзани со работното место

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: info@eurovia.mk, со назнака Менаџер на проекти од градежништво“.

Краен рок за пријавување е 15/06/2018.