Архитект

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Еуровиа

Станете дел од нашиот успешен тим!

Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово – една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика, и трговија со градежни материjали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, со цел зајакнување на нашиот тим , објавува Оглас за следната позиција:

АРХИТЕКТ

Архитектот се очекува да ги изведе сите фази на архитектонски работи, вклучувајќи планирање, проектирање, подготовка на техничка документација, подготовка на понуда и надгледување на изградбата почнувајќо од најраните фази до завршување.

Главни одговорности

  • Проектирање на градби
  • Изработка на целокупна Техничка документација (Идеен проект, основен проект, документација од почеток на планирање до Одобрение за градба)
  • Одредување на функционални и просторни барања на структурата;
  • Периодично набљудување на работата на терен за време на изградбата за следење на усогласеноста со плановите.
  • Извршување на набавки на материјали и услуги согласно потребите на проектот.
  • Изработка на План за изведба: материјализација, опрема, проценетите трошоци и времето за изградба;
  • Комуницира и координира со изведувачи и градежни компании за време на фазите на изградба на проектот
  • Соработува и координира активностите со надворешни архитекти, инженери и изведувачи ангажирани од компанијата;
  • Осигурување дека сите работи се спроведуваат со специфични стандарди, градежни кодови, упатства и прописи;

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Архитектонски Факултет – Дипломиран архитект
  • Најмалку 2 години работно искуство во дејноста и искуство во проектирање
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација),
  • Работа на компјутер (MS Office пакет) и активно работење во AutoCAD 2D/3D и познавање на 3D Studio Max ќе се смета за предност.
  • Поседување на овластување А или Б за изведба, проектирање или надзор, ќе се смета за предност
  • Разбирање на системите за градење и деталната документација;

Потребни комуникациски вештини:

  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Способност за работа под притисок и зададени рокови
  • Способност за решавање на проблеми
  • Прецизност и флексибилност
  • Способни за јасно комуницирање со проектниот тим, одлични презентациски вештини;
  • Ефикасни вештини за планирање и организација, способни да ги предвидат и минимизираат конфликтите на проектот;
  • Одговорност за доделената работа;

Информации за апликација:

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: info@eurovia.mk, со назнака Архитект“.  Краен рок за пријавување: 10.08.2019

Контакт инфо:

ул.101 бр. 15, Желино – Тетово
Тел: +389 44 350 991

Продружница во Скопје:

Коле Неделковски 61 лок 1
Скопје, Македонија