АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Енеа ДОО

ЕНЕА Д.О.О – една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Поради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на кандидат/ка за следнава позиција:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА

Обврски и одговорности:

  • Следи резултати и изготвува извештаи за продажба, набавка и развој на клиенти
  • Ги следи оперативните постапки и администрира со сите Оддели во компанијата во полето за грижа на клиенти и коминтенти
  • Наблудува и оигурува наплата од клиентот
  • Писмена кореспонденција со клиенти: достава на Известувања за доспеан долг, Допис за извршени промени, акциски понуди и промени на ценовник
  • Грижа на корисници за мали апарати – Канцеларии – навремена испорака на капсули
  • Подготовка на досие за клиент/субдистрибутор (Договор за соработка, таргети, маркетинг подршка)
  • Ажурирање на дата база на клиенти и соработници
  • Ги одржува контактите со стекнатата база на клиенти, а постојано е во планови и стратегии за проширување на базата на клиенти
  • Изготвување на понуди во соработка со Комерцијалисти
  • Преземање на телефонски повици од клиенти
  • Комуницирање внатрешно важни повратни информации од клиенти.
  • Одговара на потребите и барањата на клиентите со цел висок процент на задоволни клиенти
  • Преглед на залиха и набавки
  • Континуирано ги подобрува работните процедури
  • Асистенција на Ген. Директор во редовни состаноци за продажба и развој – Staff Meeting

Потребни квалификации:

  • Ќе се смета за предност – Завршено високо образование во областа на Бизнис Администрација,
  • Економија или Маркетинг
  • Задолжително претходно работно искуство во иста или слична позиција
  • Силни комуникациски вештини
  • Длабоко разбирање на принципите на продажба и маркетинг
  • Вештини во продажба
  • Возачка дозвола Б- категорија
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook )

Личен профил

  • Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
  • Способност за преговарање
  • Лојалност, иницијативност
  • Способност за тимска работа
  • Претставителнос и позитивен став
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Флексибилност за работа на терен
  • Организираност, аналитичност и флексибилност
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци

Што добивате:

  • Искуство во динамична работна средина,
  • Основна плата + бонуси од посигнати таргети
  • Неограничени можности за ваше лично и професионално надоградување преку континуирани обуки,  тренинзи и забавни тим билдинзи

Доколку имате квалитети, вредности и големи амбиции Вашето место е  кај нас. Кај нас се цени и се даваат шанси за брз развој и напредување во кариера.

ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на месечни бонуси и награди во зависност од постигнување на таргетите.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: info@enea.mk, со назнака Администратор за продажба”.

Краен пок за пријавување: 25.08.2019

Контакт инфо:
ул.101 бр. 15, Желино – Тетово

Тел: +389 44 350 991