Комерциалист

  • Полно работно време
  • Тетово

Вебсајт Енеа ДОО

ЕНЕА Д.О.О – една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Бројот на соработници и зделки постојано расте, па имаме потреба од нов член во одделот за продажба. Ако сметаш дека имаш одлични комуникациски вештини, те бива за работа со луѓе и преговарање, можеби ти си нашиот нов комерциалист.

Комерциалист

Во што се состои работата:

  • Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци
  • Преговарање за креирање на зделки според потребите и целите на клиентот
  • Потпишување на договори
  • Тековна комуникација со твоите клиенти
  • Учество во реализација на најразличните маркетинг кампањи и активности кои ги организираме

 

Што очекуваме:

  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во ЕНЕА пред се
  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива
  • Тимска игра

Ако мислиш дека ти си тој/таа испрати ни на info@enea.mk

  • CV и мотивациско писмо
  • Твој предлог за 2 зделки кои би сакал да ги донесеш кои не се наши соработници

*Бонус апликација што ќе има предност при разгледување: Стави се во улога на ЕНЕА комерциалист и испрати маил за соработка/предлог до Ресторан “Enea’s Secret”.

  • Hint > Маилот треба да биде во форма за соработка т.е. ти си Енеа комерциалист и се обраќаш до ресторанот со цел да оствариш соработка (да се понудат произовдите на Енеа: кафе, сокови и многу други хорека производи). Ако добиеш повратен одговор тоа значи дека си го закажал своето интервју за работа кое е симулација состанок за продажба каде твојата задача е да потпишеш договор. (детали допилнително ќе добиеш на email ако си одбран/а).

*Во email пораката задолжително наведи за која позиција аплицираш. Ако го искористиш “бонус моментот” во маилот прикачи ги секако и твoeто CV и мотивациско писмо.

Краен рок за пријавување 10/09/2018.

Контакт инфо:
ул.101 бр. 15, Желино – Тетово
(Aвтопат Мајка Тереза, бензинска пумпа Лукоил 025, во близина на Агрополог)

Канцеларија во Скопје:
Коле Неделковски 61 лок 1
Скопје, Македонија
Тел: +389 44 350 991

За да аплицирате за оваа работа испратете ги вашите податоци до info@enea.mk