АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

  • Полно работно време
  • Тетово
  • Applications have closed

Вебсајт Adelholding

АДЕЛ ХОЛДИНГ има потреба од млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следното работно место во Тетово:

АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР - 2 лица

Основни задачи и одговорности:

  • Секојдневно организирање на работниот ден на Генералниот директор
  • Комуникација и координација со компаниите и лица со кои соработува Генералниот директор
  • Закажување и организација на состаноци на Генералниот директор и менаџментот на компанијата
  • Координација, комуникација, контрола и секојдневно учество во работата во компанијата
  • Следење на пазарната позиција на компанијата во делот на сопственоти производи и нејзината конкуренција
  • Изготвување на редовни извештаи и анализи за тековната работа во компанијата
  • Изготвување на извештаи и анализи за продажба
  • Комуникација со секторите во компанијата и координирање на истите
  • Комуникација и координација со клиенти и големи потрошувачи на компанијата како и следење на соработката со нив

Услови:

  • Основна нето плата: 18.000 ден.
  • Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на Договорот за работа.
  • Работно време: понеделник – петок 08.00 -17.00 часот

Молба за прием, со кратка биографија (CV), диплома за завршено образование, една фотографија, како и контакт телефон, испратете на следната адреса:

  • адреса: ул 101 бр 15 Желино, Тетиви или на
  • e-mail: info@adelholding.com

Молбите кои не се потполни нема да се разгледуваат.
Рок за пријавување до 18.03.2019

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Соодветно работно искуство (ќе се земе за предност)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Солидно познавање на втор странски јазик (ќе се земе за предност)

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: hr@adelholding.com  со назнака “АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР “.

Краен рок за пријавување е 18/03/2019.