АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

За Адел холдинг

Холдингот како форма на поврзување на компаниите за подобри деловни резултати.

Порастот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти го поставува како нужност поврзувањето на трговските друштва и уредувањето посебен режим на функционирање, кој ќе биде приспособен на специфичностите на нивното работење. Уредувањето на прашањата што се однесуваат на работењето на холдинг-компаниите, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за унапредување на функционирањето на економскиот систем.
Холдингот како форма на поврзување на компаниите за постигнување подобри деловни резултати, е организациски облик што постои и успешно функционира во голем број земји во рамките на Европската Унија и пошироко.

Адел Холдинг е една од водечките компании во Македонија составена од персонал со долгогодишно искуство на полето на градежништво, недвижности, трговија на кафе, трговија на железо (арматура) , јавни набавки, Е-трговија, маркетинг и надворешно рекламирање – билборди и секторот на енергетика односно производсвто на струја (мали хидроелектрани).

Нашата главна цел е остварување високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услугите и комплетна посветеност кон она што го работиме. Нашиот менаџерски тим со своето искуство ги подржува клиентите во бизнисот вложувајќи знаење, континуирани инвестиции и мотивација за успех на пазарот. Поради нашата лојалност и посветеност кон работата иклиентите, достапни сме 24/7.