АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

Енергетика

Ние не ја создаваме енергијата. Таа е создадена и се наоѓа во природата во најразлични облици. Ние имаме едуцирани и посветени луѓе, технологија и капацитети кои ја преземаат енергијата од природата и ја преобразуваат во облик кој што на сите нас ни е потребен. Благодетите од електричната енергија ги чувствуваме сите преку другите видови енергија: топлинска, светлинска, механичка и звучна.

Ние природата ја преточуваме во енергија. Нашата работа не застанува тука. Ние се грижиме и за природата. Нашите вработени не се грижат само за процесот на производство, туку и за порационално и планско користење на природата и нејзина заштита, одржување и обнова.

МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Моќта на водата ја преточуваме во енергија. Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија. Хидроелектраните во Република Македонија се акумулациони и проточни, со просечно годишно производство од 1200 GWh.

Енергијата на водата претставува еден од првите енергенси кој што човекот ги користел во својата историја. Уште од 4-от век пред нашата ера е започнато користењето на енергијата на водата за движење на воденичкото тркало, а подоцна со развојот на науката и техниката започнува и изградбата на првите хидроцентрали (1882 година, на реката Фокс – Висконсин) за производство на електрична енергија. Хидроенергијата е најзначајниот обновлив извор на енергија познат досега. Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, односно долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават од една страна скапи за изградба но од друга страна допринесуваат за целокупниот развој на еконoмијата во земјата. Наспроти големата цена на изградбата, годишната експлоатација на објектите и производството на електрична енергија од истите е многу ниско.

Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

Прв предуслов е да се имаат регулирано сите сопственички права за дадената локација, локацијата да е соодветна за еден ваков вид на централа и да се има некоја идеја за колкава централа станува збор. Следен чекор е изработка на главен изведбен проект кој е составен од градежен проект и електро проект со предфизибилити студија за потенцијалот на дадената локација.

Ова се два неопходни проектни документи без кои не можи да се извадат другите потребни дозволи ако ги немате.

Со овие спремни документи  се оди по останатите дозволи и лиценци на државно како и на општинско ниво  кои се потребни за градба на еден ваков вид на централа. Комплетна листа на документи, дозволи и апликации потребни може да се добие преку агенцијата за енергетика на Република Македонија. Исто така битен момент е како инвеститор да се договорите со ЕВН за да ве приклучат на мрежа. Ова е нешто кое сериозно треба да се земи во предвид пред одбирањето на локацијата и кое може да биде сериозна пречка при реализирање на инвестицијата.

Според некои информации со кои располагаме за инвестиција клуч на рака за соларна централа од некои 20 KW инвестицијата е некаде измеѓу 40.000 и 50.000 евра или некаде 2 до 2.5 евра по киловат. Доколку ги немате сите потребни средства има доста добри кредитни линии за ваков вид на проекти кои може да се искористат за оваа намена. Еко кредитот на Про Кредит банка е една од најдобрите опции за секој кој сака да инвестира во еден ваков проект. Инвестицијата се враќа во просек за 5 до 6 години ако се користат сопствени средства или плус две – три година ако се користи кредитна линија.

Користењето на енергијата на ветерот не емитува штетни гасови, како што е во случајот со согорувањето на мазут, нафта или природниот гас. Сепак, во други истражувања се поставува прашањето дали физичката ограниченост би можела да спречи светот да ја искористи енергијата на ветерот.

Утврдено е дека ветерот има потенцијал да произведе 20 пати повеќе енергија од количината која моментално на светот му е потребна. Кога на сите постоечки турбини би се направиле уште 100 повеќе, потребите за енергија на светот би биле задоволени, тврди Марк Џејкобсон, професор по градежништво на универзитетот Стенфорт. Истражувањата укажуваат на нешто пониски енергетски потенцијал на ветерот, но количината и понатаму е повеќе од доволна за да ги покрие моменталните потреби на човештвото. Џејкобсон напиша дека почетните трошоци и субвенции за користење на фосилните горива го отежнувале користењето на енергијата на ветерот.

Ниската цена на природниот гас е уште еден фактор кој штети за развој на системот кој го користи енергијата на ветерот. Но овој факт според тоа како се движат работите во тој правец нема да ја издржи својата веродостојност уште долго време.

Освен тоа, сите неопходни турбини би завземале преголема земјина површина, а би било неопходно и драстичното зголемување на бројот на далеководи за пренос на електричната енергија.

Како и да е човештвото ќе биде приморано да размислува малку по еколкошки и да се свртува кон обновливите извори на енергија, зошто светот кој ние го знаеме забрзано се менува и доколку не се превземат драстични мерки, ќе ги сносиме последиците. Бесплатна енергија има насекаде околу нас, само треба да ја приспособиме за нашите потреби. Потребно е да се вложи малку повеќе труд во овој сегмент.